Неверојатната Рис Витерспун повторно без номинација за Еми наградите: Критики за номинациите!

Фото: Profimedia

Пандемијата со вирусот може да го промени досегашниот начин на одржување на забавите и настаните низ светот, но Телевизиската академија вчера покажа дека сепак може да е во чекор со традицијата. Објавите за номинациите за Еми, како и секогаш досега се полни со изненадувања, но и неизбежни разочарувања. На виртуелниот настан кандидати во живо ги претставија Лаверн Кокс, Татиана Маслани, Џош Гад и Лесли Џоунс, а сето тоа било пренесувано на интернет страната на Академијата.

инстаграм

Номинациите за наградите објавени се два месеци пред самото доделување на 20 септември, но се уште е нејасно како ќе изгледа оваа церемонија која поради кризата од пандемијата ќе се оддржи виртуелно. Единствено нешто што се знае е дека водител ќе биди Џими Кимел.

инстаграм

Некои нови возбудливи серии и ѕвезди очигледно не оставиле доволно силен впечаток на Академијата, па така и драмата на Hulu „Normal People“ се уште не е доволно спремна за во трката на најдобра тв-серија (драма).

инстаграм

Покрај номинациите за актерите Џенифер Анистон, Стив Карел, Марк Дуплас и Били Крудупа, серијата „Morning Show“ на AppleTV+ не е номинирана за извондредна тв-драма. Номинација заработи и актерот-гостин Мартин Шорт, но не и Рис Витерспун, која има дупло поголема шанса за номинација, како ѕвезда на серијата и како одлична продуцентка. Витерспун не доби признание ниту за серијата на Hulu „Little Fires Everywhere“ како и за втората сезона на извонредната HBO серија „Little Lies“. Сепак, глумата на Мерил Стрип и Лаура Дерн беше забележана од страна на Академијата, но самата серија не заработи номинација.

Фановите на Витерспун се почувствуваа навредени кога нивната омилена актерка не доби никаква заслуга за нејзиниот труд изминативе години. И покрај извонредниот перформанс, таа ни годинава нема да е биде во трката за Еми наградите.

„Не е фер! Таа е извонредна! Заслужува ЕМИ повеќе од било кој“, беше само еден од многубројните коментари за поддршка на неверојатната актерка.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот