Неверојатна животна приказна на данска фудбалерка: Татко и бил убиен од талибанци, зборува девет јазици и кога не дава голови е хирург

epa06802925 Nadia Nadim (L) of Denmark celebrates after scoring a goal during the FIFA Women's World Cup 2019 Qualifying Round soccer match between Denmark and Hungary at Viborg Stadium, Denmark, 12 June 2018. EPA-EFE/BO AMSTRUP DENMARK OUT

Данската фудбалерка Надиа Надим е вистинска спортска хероина која има неверојатна приказна, преживеа пекол во детството за сега да ужива во животот.
Надим пред 33 години е родена во Авганистан, а кога имала само 11 години, нејзиниот татко кој бил генерал во армијата бил ликвидиран од страна на талибанците. По оваа семејна трагедија, Надим заедно со мајка и ѝ четирите сестри успеае да избегаат од Авганистан и да емигрираат во Данска каде започнува нејзината фудбалска приказна.
– По два месеци патешествие, напатени, исцрпени и гладни пристигнавме во Данска. Кога не биде еден полицаец ни донесе банани, леб и млеко. Тоа беше мал гест, но во исто време и најљубезната работа која некој ја направил за мене  – се зборовите на Надим.

Надим заедно со сестрите и мајка и биле сместени во бегалски камп кој се наоѓал во близина на фудбалски терени на кои играле и тренирале локални деца. Таа секој ден ги гледала низ оградата и посакала да биде заедно со нив. Но, Надим и нејзините пријатели во бегалскиот камп немале топка па затоа во ноќите ги барале топките кои кои ги префрлувале децата кои тренирале на терените.
Надиа дури на 17 години почнала да тренира фудбал, но денеска се смета за една од најдобрите на светот. Фудбалската кариера ја започна во Данска, но подоцна се сели во САД. По престојот во САД, се враќа во Европа и тоа во тимот на Манчестер сити.  Последните две години, Надија Надим е членка на ПСЖ на кого му ја донесе првата шампионска титула во историјата на клубот
За данската репрезентација досега има одиграно 98 натпревари на кои постигна 38 голови.

Надиа иако е една од најдобрите фудбалерки на светот, таа не го запостави образованието. Паралелно со професионалната фудбалска кариера студираше и медицина, а минатата година како стажист асистираше на операција со што јасно потврди кој ќе биде нејзиниот следен чекор во животот откако ќе се повлече од фудбалот.
– Не играм за пари. Доволно е заработам во иднина и како докторка – порача во една прилика Надиа.

EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Освен што е одлична фудбалерка и иден хирург, Надиа е вистински полиглот, таа течно зборува дури девет јазици, а магазинот „Форбс“ пред три години ја стави на листата на 20 највлијателни жени во спортот, додека Данците ја избраа за личност на годината.
Надиа исто така не го заборава минатото, односно периодот од детството поминато во бегалскиот камп каде прв пат се сретна со фудбалот но и со книгите. Таа сега голем дел од слободното време го поминува во хуманитарна работа и низ светот организира спортски екипи во бегалските кампови.
– Додека бегавме од Авганистан во главата ми беше само една желба, да преживееме како и надежта во подобро утре – се потсетува Надиа Надим.
– Никогаш не дозволувајте некој да ви ги украде соништата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот