Неверојатна вечер на Дончиќ, го стигна Леброн (ВИДЕО)

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Лука Дончиќ игра во неверојатна форма на почетокот од сезоната и уште сега се наметнува како еден од фаворитите за МВП наградата. Во победата на неговиот Далас од 117:107, Дончиќ оствари неверојатен трипл-дабл од 42 поени, 11 скокови и 12 асистенции.


Дончиќ стана вториот кошаркар помлад од 21 година во историјата кој остварил трипл-дабл со над 40 поени, со вакво постигнување е само уште Леброн Џејмс.


Лос Анџелес клиперс покажа зашто е еден од главните фаворити за освојување на титулата, во отсуство на Каваи Ленард, тие славеа со 90:88 над Оклахома. Лидерската улога ја презеде Монтрез Харел кој постигна 28 поени, додека Пол Џорџ уфрли 18 поени.

И екипата на Хјустон се наоѓа во победничка серија, против Портланд ја остварија осмата победа во низа. Вообичаено Харден со 36 поени беше најпрецизен, додека во триумфот од 132:108, Расел Вестбрук оствари трипл-дабл од 38 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Резултати:
Њујорк – Кливленд 123:105
Бруклин – Индијана 86:115
Торонто – Шарлот 132:96
Чикаго – Милвоки 101:115
Хјустон – Портланд 132-108
Далас – Сан Антонио 117:110
Феникс – Бостон 85:99
Јута – Минесота 102:112
ЛА Клиперс – Оклахома 90:88.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот