Неверојатна трка за ЛШ, Интер понижен на „Сан Паоло“ (ВИДЕО) - Слободен печат
СпортФудбал

Неверојатна трка за ЛШ, Интер понижен на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

Вечерва два натпревари во најсилната италијанска фудбалска лига, во дербито Наполи со 4:1 го совлада Интер, а Јувентус само ремизираше 1:1 со Аталанта.

Претходно Милан на домашен терен со 2:0 беше подобар од Фросиноне и благодарение на вечерашните резултати остана во битка за една од позициите кои водат во групите од Лигата на шампионите.

На стадионот „Сан Паоло“ во Неапол водеа домаќините по првото полувреме со голот на Зиелински во 16. минута од средбата.

„Неро-аѕурите“ во вториот дел беа дотолчени од Мертенс и Руиз кој двапати се запиша во листата на стрелците, единствено го ублажија својот деветти пораз преку Икарди кој беше прецизен од пенал.

EPA-EFE

На вториот меч во Торино, гостите од Аталанта водеа благодарение на погодокот на словенечкиот интернационалец Иличиќ во 33. минута.

„Старата дама“ успеа да извлече бод во 80. минута кога во мрежата на Голини стрелаше Манџукиќ по додавањето на Квадрадо. Во самиот финиш црвен картон поради груб прекршок во домашниот состав доби Бернардески.

Претпоследното 37. коло ќе се комплетира в понеделник со дуелот во Рим меѓу екипите на Лацио и Болоња.

Јувентус и Наполи се сигурни учесници наредната сезона во Лигата на шампионите, но затоа Аталанта и Интер кои имаат по 66 бодови, Милан (65) на петтото место и шестопласираната Рома (63) во последното коло ќе бијат битка до самиот крај за настап во најсилното европско натпреварување.

Серија А, 37. коло

Недела, резултати –

Киево-Сампдорија 0:0
Емполи-Торино 4:1
Парма-Фиорентина 1:0
Милан-Фросиноне 2:0
Јувентус-Аталанта 1:1
Наполи-Интер 4:1

Табела:

1.Јувентус 90 бодови
2.Наполи 79
3.Аталанта 66
4.Интер 66
5.Милан 65
6.Рома 63

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close