Неверојатна тетоважа која ја покажува љубовта кон Ривер Плејт

Страста на аргентинските навивачи кон фудбалот е добро позната низ целата планета, а најсвеж пример е од минатиот месец кога еден навивач на Расинг на прославата на титулата на омилениот клуб го донесе черепот од неговиот дедо.
Сепак, потегот на навивачот на Ривер Плејт е нешто досега невидено.

Тој истетовира дводимензионален код кој му овозможува секогаш кога ќе го скенира со својот телефон, да ги прикаже головите на неговиот омилен тим против најомразениот ривал Бока Јуниорс во финалето на Копа Либертадорес.

Станува збор за финалната пресметка на оваа сезона во која имаше невообичаен крај. Имено првиот натпревар од финалето на Јужноаамериканската лига на шампиони која се играше на „Бомбоњера“ заврши 2:2, а реваншот поради големите инциденти наместо во Буенос Аирес се одигра во Мадрид. Во реваншот Ривер победи со 3:1 и големиот навивач на овој тим ќе може да ги гледа баш тие голови секогаш кога телефонот ќе го приближи до тетоважата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот