Неверојатна случка: Романци со сексуални работнички сакале да го „купат“ судијата, но тој бил геј

Неверојата приказна од Романија која се случила пред речиси 30. години.

Поранешниот фудбалски судија Јоан Данчиу неодамна во телевизиска емисија во живо ги коментираше случувањата пред мечот од помеѓу Романија и Швајцарија во рамките за квалификациите за ЕП 1992 година.

На Романија е беше потребна победа за да остане во трка за пласман на Европското првенство, а тогашните челници на романската фудбалска федерација дошле до идеја со сексуални работнички да ги подмитат судиите.

– Луѓето од федерацијата, но нема да споменувам имиња, дојдоа со три девојки. Една од нив рече дека е Мис на Венецуела. Се било платено однапред, се чекале само судиите од Холандија – ја раскажува интересната приказна Данчиу и додава:

– Меѓутоа судиите се појавија без главниот судија Џон Бланкештајн, и ни открија: Нашиот пријател остана во Ротердам. Тој е геј. Девојките потоа се испаничија бидејќи мислеа дека ќе мора да ги вратат парите.

На крајот, Романија победи со 1:0, но не обезбеди пласман на ЕП.

Интересно е што Бланкештајн е првиот судија кој јавно призна дека е геј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот