НЕВЕРОЈАТНА СЛИЧНОСТ СО ЛУЃЕТО: Откриен нов предок на човекот од пред 12 милиони години

Фото: Sebastian Gollnow / AFP / Profimedia

Во гермнаската покраина Баварија научниците нашле остатоци стари речиси 12 милиони години од непознат предок на човекот, кој го нарекле Данувиус. Оваа врста на примат одела исправено, па со самото тоа се ставаат под знак прашалник досегашните сознанија, според кои раните предци на човекот се развиле во Африка, пренесе „Блиц“.

Откриените остатоци водат кон заклучок дела исправеното одење и заедничките предци на луѓето и човеколиките мајмуни се развиле во Европа, покажува студијата на меѓународниот тим на научници, под водство на палеонтологот Мадлен Беме од Тибинген, објавена во специјализираното списание „Сајенс“.

Во една јама за експлоатација на глина во Источен Алгау, во Баварија, Беме открила фосили од досега непозната врста на примат, кој таму живеел пред 11,6 милиони години. Скаменетите остатоци на нашиот предок, кои го добил името Данувиус гугенмос покажуваат дека тој се движел на две нозе и се качувал на дрвја, а исправеното одење е основна карактеристика на современиот човек.

Фото: Sebastian Gollnow / AFP / Profimedia

Најновото откритие значи дека човеколиките мајмуни оделе на две нозе уште пред 12 милиони години, а досега најстарите докази за тоа беа пронајдени на грчкиот остров Крит и во Кенија, стари шест милиони години.

– Остатоците откриени на југот на Германија претставуваат пресвртна точка во областа на палеонтологијата, бидејќи ставаат сомнение на досегашните сфаќања за еволуцијата на големите човеколики мајмуни и луѓе – изјави Беме.

Слични со луѓето

Палеонтолозите ископале вкупно 37 поединечни делови, меѓу нив и потполно залчувани коски на рака, нога, пршлени, прсти на раце и нозе, кои потекнуваат од најмалку четири индивидуи, а најдобро зачуваниот костур на Даувиниус од машки пол наликува на бонобо мајмун.

– На наше големо изненадување, одредени коски повеќе личеа на човечки коски него на оние на човеколиките мајмуни – вели научничката.

Научиле да одат на дрва?

Поради релативно долгите раце и анатомијата на стапалата погодни за фаќање на гранки, Данувиус имал основни карактеристики на оние примати кои живеат на дрвјата, па поради тоа е сврстен во човеколиките мајмуни. Според проценките на тимот, „нооткриениот предок на човекот“ бил висок еден метар. Женките, чии остатоци се исто така откриени, биле тешки околу 18 килограми, додека откриениот мажјак тежел 31 килограм.

Поради одвоениот палец на стапалата, Данувиус можел лесно да се фаќа за гранки, што води до заклучокот дека човекот почнал исправено да оди и да се качува по дрвја пред 12 милиони години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот