Неверојатна приказна: Украински голман препливал река за да потпише за клуб од Белорусија
Украинскиот голман Денис Шелихов потпиша за екипата на Славија Можур од Белорусија и оваа информација не би била некоја посебна вест ако не се знае што направил голманот за го реализира овој трансфер.
Имено, како што пренесуваат медиумите во Уклраина тој границата помеѓу државите ја минал на нелегален начин откако преплива реката Тиса која уште се нарекува и „реката на смртта“.
Токму оваа река е едно од местата преку кое Украинците се обидуваат да излезат од државата, а тоа очигледно го искористил и Шелихов. Голманот два месеци се подготвувал да ја преплива реката и тренирал со специјална опрема.
Пред два дена тој беше и официјално претставен во редовите на неговиот клуб. Новинарите на прес-конференцијата се обиделе да дознаат нешто повеќе од него за оваа ситуација, но голманот одбивал да зборува на таа тема.
„Не ме прашувајте такви прашања. Вие не сте тие на кои треба да им одговарам на таа тема. Ако сакате да знаете нешто повеќе одете во граничната служба“, изјавил Шелихов пред новинарите.
New scandal surrounding a Ukrainian footballer…
Ex Ukraine U21 & FC Dnipro GK Denys Shelikhov has crossed the river Tysa to flee Ukraine illegally and then…
Signed with a belarusian club – slavia mozur
Terrible GK btw pic.twitter.com/P1fpdmRei0
— Zorya Londonsk (@ZoryaLondonsk) September 10, 2024