Неверојатна приказна: Од Ангола замина да студира во Русија, играше футсал и за еден месец стана професионален фудбалер

фото: Instagram/ufafc/fans_iskra

Минатиот викенд се одиграа натпреварите од третото коло во руската Премиер лига, а натпреварот помеѓу Уфа и Локомотив Москва заврши без победник, но го привлече вниманието на јавноста поради еден фудбалер на домашниот тим, Егас Касинтура, кој беше стартер за прв пат во својата кариера која трае само еден месец.

Егас Касинтура има 23 години и е со потекло од Ангола, а професионален фудбалер стана пред само три недели.
Имено, пред шест години, тогаш 17-годишниот Касинтура пристигна во Русија од родната Ангола за да студира, а во меѓувреме почна да игра футсал за својот факултет.
По четири години, тој со своите игри го привлече вниманието на професионални футсал екипи и се пресели во тимот на „Нова Генерација“.


– Ми беше тешко да се навикнам на барањата кои ги има во професионален клуб, но со тек на времето успеав да се адаптирам и тоа по заслуга на моите соиграчи – вели Касинтура.
Тој две години настапуваше за Нова Генерација, во првата сезона на 21 натпревар постигна девет голови, додека наредната сезона на 30 натпревари даде 14 гола.

По одличните настапи во футсал шампионатот на Русија, за 23-годишниот Егас Касинтура доби неверојатна понуда, членот на руската Премиер лига, Уфа му понуди професионален договор.
Во својот натпревар како професионален фудбалер, Касинтура одигра 80 минути против Локомотив Москва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ФК УФА / UFA FC (@ufafc)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот