НЕВЕРОЈАТНА ПОНУДА: Арапите нудат 400 милиони фунти за борба помеѓу Џошуа и Фјури

Кралското семејство на Саудиска Арабија е подготвено да понуди неверојатни 400 милиони фунти за организација на боксерски спектакл помеѓу Ентоан Џошуа и Тајсон Фјури.

Принцот Халида доби задача од престолонаследникот Мохамед бин Салман во Саудиска Арабија да го донесе најголемиот боксерски спектакл, не прашувајќи за цена.

Откако Халид бин Салман во Саудиска Арабија успеа да организаира неколку големи фудбалски натпревари, вклучувајќи ги и италијанскиот и шпанскиот Суперкуп, но и бокс мечот помеѓу Џошуа и Ентони Руиз, сега се подготвува понуда која е премногу тешко да се одбие.

– Добиваме многу понуди и можно е следниот меч на Фјури да го има со Џошуа и тоа во Лондон, но не е исклучено борбата да се одржи и на друго место. Тајсон ја сака таа борба, но не сум сигурен дека и Џошуа е заинтересиран – изјави Френк Ворен, промотерот на Тајсон Фјури кој изминатиот викенд го нокаутира Ентони Џошуа.

Како што пренесуваат англиските медиуми, оваа понуда од кралското семејство е најголема и тешко е дека некој би можел да и конкурира.

Сепак, за да се одржи овој спектакл Фјури мора да победи во реваншот со Дионтеј Вајлдер, кој во договорот има клаузула во наредните 30 дена да побара реванш.

Евентуалниот боксерски спектакл помеѓу Џошуа и Фјури би можел да се одржи кон крајот на годината, во ноември или декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот