Неверојатна понуда – 120 милиони евра за Лео Меси

Лионел Меси (Барса) и Серхио Рамос (Реал Мадрид) беа лути ривали, а сега се соиграчи во редовите на ПСЖ/Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Лионел Меси и официјално ја заврши големата фудбалска приказна со Барселона, и сега веднаш во првиот ред за потписот на Аргентина се шпекулира дека се наоѓа францускиот гигант ПСЖ.

Од самиот почеток, Парижаните се првите фаворити за обезбедување на услугите на Аргентинецот, а според последните информации на „Л`Екип“, со една чудесна понуда, дефинитивно се најблиску до реализација на големиот трансфер.

Имено, како што објави францускиот медиум, фудбалскиот „магионичар“ Меси ќе добие тригодишен договор вреден 120 милиони евра.

Значи, 40.000.000 евра по сезона е сумата која речиси сигурно ќе го привлече шесткратниот освојувач на „Златната топка“ да ја потпише и продолжи кариерата во „градот на светлината“.

„Л`Екип“ известува дека сите во ПСЖ се фокусирани на доаѓањето на Меси во Париз и работат на тоа што поскоро да се случи потпишувањето на договорот.

Ла лига ја осиромашува Барса, која нема пари да го плати Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот