Неверојатна исповед на шведски тенисер: Одев на Гугл за да видам како да се убијам

EPA/BJOERN LARSSON ROSVALL

Поранешниот четврти тенисер на светот, Робин Содерлинг открива дека поради психички проблеми го напушти тенисот.

Робин Содерлинг е најпознат по тоа што прв успеа да го победи Рафаел Надал на неговиот омилен грен слем турнир Ролан Гарос. Сепак, шведскиот тенисер открива дека имал големи психички проблеми, поточно со анксиозноста и дури размислувал да си го одзеде животот.

– Имав постојана анксиозност, тоа ме јадеше однатре. Седев со станот и најмалиот шум ми создаваше паника. Еднаш кога падна писмо низ вратата толку се исплашив што завршив на подот. Дури и од звонењето на телефонот се тресев од страв – открива Содерлинг во програмата „Verano en P1“.

Швеѓанецот вели дека проблемите започнале во 2009 година.
Ме фати паника и почнав да плачам. Плачев речиси секој пат кога добивав напад на паника и тоа кога требаше да излезам на терен. Во еден од таквите моменти сфатив дека не можам повеќе, дури и да ми ставеа пиштол на главата-јас не сакав да излезам на теренот во тој момент. Дојдов до тоа да одам на Гугл и да видам како да извршам самоубиство. Иако внатре во себе си велев дека не сакам да се убијам, тогаш се беше подобро од тој пеколен живот кој го имав – признава Содерлинг кој се пензионира во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот