Неверојатна исповед на Нани: Немавме што да јадеме, стомакот ми вриштеше од глад

EPA/GEORGI LICOVSKI

Португалецот кој е една од најголемите фудбалски ѕвезди открива детали од тешкото детство.

Нани може да се пофали дека го носел дресот на едни од најголемите фудбалски екипи како Манчестер јунајтед, Валенсија, Лацио, Спортинг Лисабон, но патот до славата му бил неверојатно тежок.
Иако е еден од најдобрите португалски фудбалери на сите времиња, тој признава дека имал неверојатно тешко детство.

Нани/ EPA-EFE/MANUEL FERNANDO ARAÚJO

„Уште кога бев дете станав свесен дека Бог ме избра да станам фудбалер. Но, мојата приказна започнува со глад. Живеев со мајка ми и осум браќа и сестри во куќа која имаше дупки на подот од каде излегуваа глувци и гуштери. Кога ќе врнеше дожд, на покривот стававме пластика. Немавме ништо да јадеме, се боревме за своите животи“, пишува Нани за „Players Tribune“.

Еден од постарите браќа заминал на Зеленортските острови во потрага по подобар живот, но со месеци немало никаква информација за него.
„Еден од постарите браќа дојде до идеја како да заработиме пари и отиде во Зеленортските острови по што со месеци не се јавуваше. Премногу го сакав за да му бидам лут, но неговото отсуство и го направи животот потежок на мајка ми, таа остана сама со мали деца од кои јас бев најмал и мораше да се грижи за нас. Живеевме во близина на Лисабон, а таа работеше се само за да може да не прехрани, пееше, работеше во ресторан ша дури и во противпожарна станица“.

Нани/ EPA/RICH EATON

Но, тоа не било најтешкото што го доживеал во животот.
„По неколку години мајка ми запозна нов човек кој не сакаше да живее во нашата куќа туку бараше да се преселиме кај него која беше во уште полоша состојба. Десетмина делевме еден тоалет, имавме една дневна соба, една кујна… Човек може да се навикне на се, освен на една работа – тоа е гладот. Сите велат видете ги сиротите деца во Африка, но ништо не прават за да ја подобрат ситуацијата. Секој кој почувствувал што е глад: устата да му биде сува, стомакот да му вришти, а телото да му биде толку слабо што не може ништо да работи, тој знае за што зборувам. Еден ден постариот брат ми рече: Зашто да не одиме во богатиот дел на Лисабон и да бараме храна? Имав 10 години и не бев сигурен дека тоа е добра идеја, но Пауло знаеше дека добиеме храна. Бев вчудоневиден,ни даваа секаква храна, ни купуваа облека, па дури и стекнавме пријатели. Мислам дека им се допаѓавме бидејќи не крадевме туку бевме искрени и гладни“, открива Нани кој кој пишува дека една случајна средба му ја смени судбината.

Нани и Роналдо/ EPA/ANATOLY MALTSEV

„Еден ден додека игравме фудбал, Пауло влезе во пицерија и побара парче пица, но луѓето му рекоа дека немаат. Меѓутоа една жена не викна и ни даде пица. Луѓето ќе мислат дека претерувам но дури и сега можам да го почувствувам вкусот на таа пица. Кога жената не праша што работиме, ние и рековме дека играме фудбал па не повика да дојдеме и наредниот ден. Не гледаше како играме и тогаш ни рече: Имам еден пријател кој е професионален фудбалер и може да ви помогне. Нејзиниот пријател беше Марко Аурелио и така додека баравме пуца добивме можност да не тестираат во еден од најдобрите португалски екипи, Спортинг Лисабон“, пишува Нани.

Останатото е историја, Нани станува еден од најдобрите играчи на Спортинг, а со репрезентацијата на Портулија пред четири години триумфира и на Европското првенство.
Тој сега на 33-годишна возраст игра во САД за екипата на Орландо, а сиромаштијата е зад него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот