Неверојатна игра на судбината: Биле пријателки цели 17 години, а потоа дознале дека се сестри (ВИДЕО)

ФОТО: ABC Screenshot

Ешли Томас (29) и Латоја Вимберли (31) биле неразделни другарки полни 17 годни пред да утврдат дека се всушност сестри, поточно полусестри, зошто имаат заеднички татко!

Полусестрите се запознале во средно училиште и тогаш почнале да се дружат. Дека имаат ист татко, случајно дознале откако една пријателка на мајката на Ешли искоментирала слика од вереничката забава на Латоја. На фотографијата се наоѓал Кенет Вимберли (48), со кој мајката на Ешли била кратко во врска. Ѝ рекла дека нејзината мајка во младоста кратко се дружела со Кенет.

ФОТО: Screenshot ABC News

Ешли потоа му покажала фотографија од својата мајка на Кенет и тој ѝ потврдил дека се дружеле во младоста и дека таа накратко била со него во врска. „На сцена“ тогаш настапила Латоја, која од таткото побарала да направи ДНК анализа, која покажала дека тој навистина е биолошки татко на Ешли.

„Кога ми рече дека тој ми е татко, ми беше тешко тоа да го прифатам и сфатам“, вели Ешли.

Нејзината мајка, која починала пред 11 години, никогаш не му рекла дека останала бремена од него, а подоцна започнала друга врска: „Среќен сум што Ешли е моја ќерка, таа сега е член на семејството. Тоа е божје дело“, рече Кенет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот