НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА ВО ФИНСКА: Илјадници ледени топчиња ја наполнија плажата, а еве ја причината (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Неколку илјади ледови во облик на јајца ја покриле плажата во Финска, што е редок природен феномен.

Фотографот Ристо Матила налетал на „ледените јајца“ на островот Хаилуото, кој се наоѓа меѓу Финска и Шведска.

Експертите велат дека „ледените јајца“ ретко можат да се видат во толкава количина, а дека настануваат кога водата и ветрот носат делови од лед.

Матила за Би-Би-Си вели дека никогаш не видел нешто слично.

„Бев на плажа со сопругата Марјаниеми. Беше сончев и ветровит ден, но околу минус еден степен“, наведува тој.

„Таму го најдовме овој неверојатен феномен. Ледените јајца беа покрај водата ширум плажата“.

Како што вели тој, ги имало во регион од околу 30 метри, најмалите биле со големина на јајце, а најголемите колку фудбалска топка.

„Неверојатна глетка. Имав со себе фотоапарат, па одлучив да го сочувам овој необичен момент“, вели Матила.

Џорџ Гудфелоу, кој во Би-Би-Си се занимава со временската прогноза, наведува дека постојат два услови за создавање на ледените јајца – ветер и ладно време.

„Тие ледови растат кога водата ги поминува и се заледува на нивната површина, а на плажата завршуваат кога ветерот или морето ќе ги расфрлат“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот