НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА ВО АВСТРАЛИЈА: Воен брод низ чад пробува да спаси жители од пожарите (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Кралската морнарица на Австралија објавила фотографии од евакуација на граѓаните од малиот крајбрежен град Малакута.

Брод на Кралската австралиска морнарица „ХМАС Чулс“ може да пренесува 32 тенкови и до 700 војници, но минатите денови неговата најголема мисија беше спасување на Австралијанците кои бегаат од огромните пожари.

Кралската морнарица на Австралија објавила фотографии од евакуација на граѓаните од малиот крајбрежен град Малакута.

Една особено впечатлива фотографија го прикажува бродот обвиен во густ чад. Морнарицата добила барање за евакуација на граѓаните и туристите на Малакута пред Новата година и брзо одговорила преку испраќање на две големи пловила.

„Кога дојде повикот доцна попладнето пред новогодишната ноќ, бродската компанија испрати бродови кои беа во градот за помалку од 17 часа“, рекол заповедникот Скот Хулихан.

Дарен Честер, член на австралискиот Претставнички дом, оваа мисија ја нарекол „невидено масовно преселување на жители од Малакута“.

Според неодамнешните извештаи, во пожарите загинале повеќе од 480 милиони животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот