Неверојатна фотографија од облак направена по силниот земјотрес во Хрватска кружи на Фејсбук

Облачно време/ Фото: МИА

На социјалните мрежи започна да кружи фотографија од необичен облак снимен во Сисак по силниот земјотрес со епицентар во Петриња во вторникот, пренесува Индекс.хр

Како и многу други по земјотресот, Антонија од Сисак и нејзиното семејство истрчаа боси од станот. На своите деца им оставила мобилен телефон и додека се враќала во станот да земе јакни и обувки, нејзиниот син забележал облак во форма на Хрватска, а нејзината ќерка веднаш го фотографирала.

Таа ја објави фотографијата од облакот на Фејсбук и  веднаш започна да се споделува.

Фото: Фејсбук-Антонија

„Почитуван Боже, каква симболика“, коментираат корисниците на Фејсбук, а за Индекс, Антонија потврди дека фотографијата е автентична.

Таа вели дека земјотресот бил најлошото нешто што им се случило некогаш и се чинело дека трае цела вечност. Иако нивниот стан се распука и ходникот беше затнат со срушени плакари, тие се благодарни што успеаја да избегаат и да поминат без поголема штета.

„Кога ќе видам што им се случи на другите, ова е голема среќа“, рече Антонија, чија фотографија последните неколку дена барем малку го подобри денот за многумина.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот