Неверојатен совет за возачот на Ред Бул: Зарази се со коронавирус, одлежи и фокусирај се на трките

twitter/formulaone

Советникот на Формула 1 тимот Ред Бул, Хелмут Марко, на својот возач, Макс Ферстапен му даде невообичаен и неверојатен совет кога светот е во страв поради пандемијата на коронавирусот.

Марко му порача на Холанѓанецот дека сега е идеално време да се зарази со коронавирусот.

Тој тврди дека младиот 22-годишен возач не припаѓа на ризичните групи и лесно ќе се носи со вирусот, ќе стане имун на него и ќе си обезбеди мир за новата сезона.

– Веќе втор ден разговарам со Макс и тој ми кажа дека многу се плаши да се биде позитивен на коронавирус. Мислам дека сега е идеално време да се зарази, има 22 години, не припаѓа на ниту една ризична група, така што по соочувањето со вирусот ќе стане имун на него и ќе биде целосно фокусиран на нападот на титулата – изјави Нелмут Марко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот