Неверојатен пресврт, Икарди останува во Интер

Сапуницата околу иднината на Мауро Икарди се чини дека е завршена, Аргентинецот останува фудбалер на Интер иако фудбалерот беше отпишан од тренерот на Интер, Антонио Конте на стартот од подготовките.
– Состојбата со Икарди е јасна, тој не е дел од новиот проект на Интер – беа зборовите на Конте  пред еден месец.

Иако за него имаше неколку заинтересирани екипи, пред се Наполи кој беше конкретен со понуда од 70 милиони евра, Икарди постојано велеше дека или ќе се пресели во Јувентус или ќе остане во Интер, за него нема трета опција.

Од денеска се чини дека е активирана втората опција и Мауро Икарди од вечерва ќе почне да тренира со првиот тим на Интер откако цело лето тренираше одвоено од екипата и не настапи на ниту еден пријателски натпревар.

Според италијанските медиуми, Интер е приморан на вакво сценарио бидејќи Икарди и неговата сопруга Ванда Нара која му е менаџер, се заканија дека ќе го тужат клубот доколку не му дозволат да биде дел од првиот тим на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот