Неверојатен јубилеј на Гранде Пандев, 100 гола во Серија А

И играчите на Наполи се смееја на судиската одлука/Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев уште еднаш ја покажа својата класа во Серија А. Гранде Пандев за само 20-тина минути постигна два гола за својата Џенова во натпреварот против Беневенто во Серија А и дојде до неверојатно достигнување.  Тој го постигна јубилејниот 100. погодок во Серија  А со што стана рекордер помеѓу фудбалерите кои доѓаат од Балканот и поранешната СФРЈ.

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Првиот гол, Пандев го постигна во 11 минута со кој израмни на 1:1 откако во петтата минута Виола стрелаше за гостите. Вториот гол Пандев го даде во 21. Минута, откако претходно Лападула по втор пат му донесе предност на Беневенто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот