Неважечки 60 773 гласачки ливчиња во првиот изборен круг

Локални избори во Северна Македонија / 17 октомври 2021 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите локални избори што се одржаа во неделата на 17 октомври има вкупно 44.833 неважечки ливчиња. На гласањето за градоначалник на Град Скопје, пак, има 15 940 неважечки ливчиња од вкупно 228 473 кои го искористиле своето право на глас.

Според податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК), најмногу неважечки ливчиња кај општините има во Битола – 2659, по што следат Куманово со 2.076 и Гази Баба со 2020. Најмалку неважечки ливчиња само 48 има во Општина Пласница по што следат Ранковце со 57 и Центар Жупа со 62 неважечки ливчиња.

На првиот круг од локалните избори вкупно гласале 848 104 гласачи или 48,99 отсто од вкупно запишаните 1 824 864 гласачи во Единствениот избирачки список.

На првиот круг од локалните избори во 2017 година имаше 44 481 неважечко ливче, а на изборите во 2013 година 38 787 неважечки ливчиња.

На парламентарните избори што се одржаа во 2020 година, пак,имаше 31 564 неважечки ливчиња.

Извор: МИА

(ИНФОГРАФИК) Што предвидоа агенциите? Повеќето анкети ја открија промената во јавното мислење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот