Невакцинираните словенечки војници се жалат на дискриминација

Словенечка армија / Фото: Архива

Словенечкото Министерство за одбрана не ги дискриминира војниците кои не можат да одат на меѓународни мисии затоа што не се вакцинирани против Ковид-19, објави народниот правобранител.

Одлуката на Министерството стапи на сила кон крајот на јули и има за цел да го зголеми процентот на вакцинирани во војската што ќе послужи како пример за другите граѓани.

Воениот синдикат ја обжали одлуката, наведувајќи дека војниците кои не се вакцинирале од лично убедување се дискриминираат во однос на своите вакцинирани колеги.

Меѓутоа, во пресудата на омбудсманот се наведува дека невакцинирањето врз основа на лично верување не е причина поради која некој може да биде дискриминиран, односно дека личното верување не е „лична карактеристика” на дискриминирана личност како што се полот, бојата на кожата, националноста, јазикот, религијата, попреченоста, возраста, сексуалната ориентација и слично.

Невакцинираните војници реагираат дека поради тоа не ги испраќаат во меѓународни мисии за кои добиваат повисоки плати и дека им се даваат помалку задачи, што ќе доведе до побавен напредок и пониски оценки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот