Невакцинираните патници кои сакаат да влезат во Германија од недела мораат да имаат негативен тест

Фото: Архива

Патниците кои од недела сакаат да влезат во Германија мораат да имаат негативен тест за коронавирус ако не се вакцинирани или ако неодамна закрепнале од инфекцијата, пренесува Бета.рс.

Новата мерка, која се однесува на лицата од 12 години и постари, донесена е во време кога има се поголема загриженост за растот на бројот на новите инфекции после враќањето на луѓето од летување во странство.

Невакцинираните лица кои влегуваат во Германија со авион мораат да имаат негативен тест направен пред полетување, без разлика од каде доаѓаат.

Од недела и луѓето кои доаѓаат во Германија со други превозни средства мораат да докажат дека не се заразени.

Лицата кои доаѓаат од земји кои Германија ги смета за најризични ќе мораат да имаат негативен тест и ако се вакцинирани или неодамна се излекувале од инфекцијата. На таа листа моментално се Бразил и Јужна Африка, а европските земји не се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот