Невакцинираните на мета во европските земји, силни дебати и какви маски да се носат

Луѓе со заштитни маски во Стокхолм, Шведска
Луѓе со заштитни маски во Шведска / Фото: EPA-EFE/Jessica Gow

Шведската влада денеска воведе построги мерки за борба против зголемениот број на инфекции со коронавирус, кои вклучуваат забрана за кафулиња, барови и ресторани по 23 часот.

Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон, исто така, ги повика луѓето да работат од дома кога е можно и препорача учење на далечина во високото образование.

Од 14 јануари кафулињата, баровите и рестораните нема да можат да работат по 23 часот, а во тие групи во една група ќе има најмногу осум лица.

Владата, исто така, го ограничи бројот на луѓе на јавни настани на 50.

Иако милиони се вакцинирани во Шведска, Андерсон рече дека „ситуацијата бара дополнителни мерки во одреден временски период, со цел да се потисне ширењето на инфекцијата и да се намали товарот на здравствениот систем“.

Шведска, која имаше еден од најлибералните пристапи во Европа за време на поголемиот дел од пандемијата, сега е во четвртиот бран, со брзо ширење на вирусот и висока стапка на зараза.

Во Шведска, за време на пандемијата, немаше таканаречено „заклучување“ на населението  или затворање на компании, туку потпирање на совеста на граѓаните дека ќе се однесуваат одговорно.

Нови ограничувања за невакцинираните во Италија

Ковид потврди во Италија / Фото EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Италијанските власти денеска воведоа нови ограничувања за лицата кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирус, и тие без докази за вакцинација или неодамна прележана инфекција веќе нема да можат да влегуваат во јавен превоз, кафулиња, хотели, спортски сали и други објекти.

Новата „супер” здравствена пропусница, што значи дека со негативен тест на коронавирус веќе нема да може да се влезе во установи, е воведена во време кога многу Италијанци се враќаат на работа и на училиште по празниците, а дневната бројка на новозаразени надминува 100.000.

Владата одговори на новиот бран инфекции, поттикнат од ширењето на омикрон сојот, со воведување нови ограничувања за да ги поттикне граѓаните да се вакцинираат, на кои во спротивно ќе им бидат ускратени основните активности како што се користење автобуси или метро за да одат на работа.

Многу Италијанци ги поддржаа новите ограничувања, кои од денеска стапуваат во сила, меѓу другото, и од страна на полицијата која на станиците проверува дали патниците се вакцинирани и дали носат маски ФФП2, што се задолжителни во јавниот превоз.

Италијанците во голема мера ги поддржаа претходните ограничувања, кои во последниве месеци вклучуваа носење маска на отворено и поседување здравствена пропусница за влез на работното место.

Меѓутоа, премиерот Марио Драги се соочи со критики за одлуката од следниот месец вакцинацијата да се направи задолжителна за сите постари од 50 години.

Италија, која беше првото жариште на коронавирусот во Европа, целосно вакцинираше 86 отсто од населението на возраст над 12 години, додека таканаречената „бустер” доза ја примија речиси 75 отсто од оние кои можеа да ја добијат.

Меѓутоа, од 60 милиони Италијанци, во моментов два милиона се позитивни на коронавирусот, што влијае врз работата на важните системи, како што се болниците, училиштата или железницата.

Официјални лица наведуваат дека невакцинираните сочинуваат околу две третини од хоспитализираните.

Дали маските ФФП2 ќе станат задолжителни во Франција

 

Во Франција пак, се смета дека маските од типот ФФП2, главно користени во медицината, штитат подобро од огромното мнозинство хируршки маски што моментално ги користи населението за да се избегне пренесување на коронавирусот. Од тие причини француската Влада побара мислење од Високиот совет за јавно здравје овој тип маски да евентуално да ги користи целото население, но тие дадоа неповолно мислење.

Париз Франција ковид-19 коронавирус маски
Ковид-состојба во Франција / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Француските здравствени власти не се за генерализирање на носењето на маската ФФП2, иако таа штити повеќе од ширењето на коронавирусот, изјави министерот за здравство Оливие Веран.

-Мислењето на Високиот совет за јавно здравје, нема да оди кон проширување на обврската за носење на ФФП2, изјави министерот за време на сослушувањето пред Сенатот.

ФФП2, главно користени во медицината, штитат повеќе од огромното мнозинство хируршки маски што моментално ги користи населението за да се избегне пренесување на коронавирусот. Затоа, одредени политичари или истражувачи решија да ја генерализираат нивната употреба на целото население, соочени со порастот на варијантата омикрон, која е многу позаразна од претходните варијанти на вирусот. Ова е веќе случај во некои земји, како Австрија, каде ФФП2 стана задолжителен минатата недела.

Нови мерки во Словенија, скратен карантинот и рокот на важност на ПЦР тестовите

Во Словенија денеска стапија на сила неколку измени на Уредбата за мерки за спречување на ширење на коронавирусот, со кои, меѓу другото, се скрати времетраењето на карантинот и важноста на тестовите, но и се намали бројот на патници во јавниот превоз.

Ваквите мерки се донесени во согласност со упатствата издадени од словенечкиот национален институт за јавно здравје, пренесува СТА.

Од денеска е скратен карантинот по контакт со висок ризик или при влез во земјава без пропусница за ковид од десет на седум дена.

Според новите правила, за да се избегне карантин при влез во Словенија, патниците кои биле вакцинирани или заразени со вирусот ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или брз тест не постар од 24 часа.

Карантинот утврден на границата може да биде прекинат со негативни ПЦР тестови најмалку пет дена по пристигнувањето.

Според новите мерки, автобусите ќе можат да примат само онолку патници колку што е регистрирано возилото, со обврска за празни седишта десно од возачот и зад возачот.

Љубљана, Словенија
Жена со заштитна маска во центарот на Љубљана, Словенија / Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

На патниците ќе им биде дозволено да стојат во градските автобуси на растојание од најмалку еден метар, а местата за паркирање мора да бидат јасно означени.

Возовите ќе можат да примат само онолку патници колку што има седишта, а за застанувањето важат истите правила како и за автобусите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот