Невакцинираните доктори во Њујорк ќе бидат заменети со припадници на Националната гарда и пензионери

Итна помош во Њујорк/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Гувернерката на државата Њујорк Кети Хоукел размислува да ги вработи припадниците на Националната гарда и здравствени работници од другите американски држави за да ги пополнат работните места на болничкиот персонал кои од понеделникот нема да можат да работат затоа што не се вакцинирани.

Таа размислува да прогласи вонредна состојба за да го зголеми бројот на здравствени работници со прибирање на лиценцирани професионалци од останатите држави, како и пензионирани болничари, пренесува Ројтерс.

Таа рече дека државата Њујорк исто така ќе ги искористи припадниците на Националната гарда кои поминале медицинска обука да го пополнат отсустниот персонал во болниците и останатите медицински установи.

Околу 16 отсто од 450.000 здравствени работници, односно околу 70.000 не се целосно вакцинирани, соопштија од канцеларијата на гувернерката.

– И натаму се бориме против ковидот за да ги заштитиме нашите сакани. Ги поздравувам сите медицинари кои се вакцинирани и апелирам на преостанатите здравствени работници кои не се, тоа да го направат сега, за да продолжат да даваат медицинска помош“, рече Хоукел.

Здравствените работници кои се отпуштени зошто не се вакцинирани нема да можат да добијат помош за невработени, освен ако не покажат валидно, од лекар одобрено барање дека може да бидат изземени, соопштија од канцеларијата на гувернерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот