Неуспешен грабеж на менувачница во Куманово

Куманово/ фото: МИА

Според пријавата, откако вработената успеала да ја затвори сигурносната врата и да повика помош, лицето побегнало.

Лице се обидело да го ограби менувачница на прометна улица во централното градско подрачје во Куманово.

Вчера во 18:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во менувачница на улицата „Илинденска” едно лице со закана кон вработената се обидело да одземе пари од дневниот промет.

Според пријавата, откако вработената успеала да ја затвори сигурносната врата и да повика помош, лицето побегнало. Полицијата презема мерки расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот