НЕТРПЕЛИВОСТ, ПОВРШНОСТ… Причини поради кои раскинуваат хороскопските знаци

хороскоп
Фото Профимедиа

Колку и да не верувате во хороскопот, сигурно веќе си имате пронајдено одредена карактеристика која му припаѓа на вашиот знак, а ја имате и вие.

Според астрологијата, секој хороскопски знак има одредена причина поради која врската му доаѓа „преку глава“ и е подготвен да ја раскине.

Еве што го нервира секој хороскопски знак во љубовта:

ОВЕН – мрзливост

Ако сте во врска со Овен, ретко можете да се надевате на ден поминат во кревет или пред телевизор. Тие сакаат акција и излежувањето за нив е залудно потрошено време.

БИК – нетрпеливост

Биковите се темелни и аналитичари, а ако ги избрзувате, лесно можете да ги изнервирате. Тоа е доволна причина за еден Бик да се оддалечи од партнерот.

БЛИЗНАЦИ – некомуникативност

Недостатокот на комуникација не е добар за секоја врска, но со Близнаците тоа е недозволиво. За нив тоа е еднакво на недостаток на љубов.

РАК – бесчувствителност

Раковите не поднесуваат кога некој не им покажува емоции и сочувство. Тие живеат за емоциите, а врска без нивно покажување е исто како и да се постојано гладни.

ЛАВ – запуштеност

Лавовите воопшто не се површни личности, но естетскиот впечаток им е доста важен. Не сакаат кога некој го занемарува изгледот, особено ако тоа е нивниот партнер.

ДЕВИЦА – површност

Девиците сакаат длабоки и комплексни разговори, а површните луѓе воопшто не им се интересни. Ако се пронаоѓате во тој опис, нема долго да издржите во врска со Девица.

ВАГА – агресија

Вагите мразат конфликти и ако може, би ги избегнале целосно. Но, ако постојано барате „закача“, многу лесно ќе го избркате партнерот Вага од себе.

СКОРПИЈА – недоследност

Тие не поднесуваат нешто да им ветитие, а да не го исполните. На тој начин целосно ја губите нивната доверба, а потоа веќе нема ни да се свртат на вашиот труд да ја вратитие.

СТРЕЛЕЦ – несигурност

Стрелците се стабилни и сигурни во себе, а најмногу им одговараат личности кои се исти како нив. Бргу губат интерес ако сте несигурни.

ЈАРЕЦ – глумење

Глумење нешто што не сте е најсигурниот начин да го оттурнете од себе партнерот Јарец, бидејќи кога-тогаш, нештата излегуваат на виделина.

ВОДОЛИЈА – нетолеранција

Водолиите се отворени и склони кон дозволување нешта што се надвор од нивната комфорна зона. Но, очекуваат и да им вратите со иста мера.

РИБИ – злоба

Реално, никој не сака злобни луѓе, но ако Рибите ги забележат и првите знаци на таков карактер, лесно ќе „отпливаат“ и нема да се свртат назад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот