Нето е новиот крилен напаѓач на Шкендија

фото: kfshkendija.com

Крилниот напаѓач после зимскиот тест камп организиран од клубот во декември, потпиша договор на шест месеци со можност истиот да биде продолжен.

Алдаир Сапало Амаро Нето (роден во Луанда, Ангола) е третото зимско засилување на фудбалскиот прволигаш Шкендија. Станува збор за 25-годишен фудбалер со португалски пасош.

25-годишниот фудбалер после зимскиот тест камп организиран од клубот во декември, потпиша договор на шест месеци со можност истиот да биде продолжен, а ќе зависат и неговите перформанси во текот на пролетниот дел.

Доаѓа од велшкиот шампионат каде што ги бранеше боите на Бангор Сити. Како јуниор на почетокот од неговата кариера, беше дел од португалските гиганти Спортинг и Брага, беше дел од Фатима, а четири години играше за екипата на Маритимо.

– Чест ми е што ќе играм за овој клуб. Верувам во позитивни нешта и затоа сакам да им се заблагодарам на челниците на Шкендија за довербата. Една недела бев на проба во екипата, играв и тренирав со млади играчи меѓу 18-20 години. Го сакам начинот на кој што игра тимот. Првиот ден кога дојдов во Македонија го гледав мечот против Вардар и видов дека имаме добра екипа. Мислам дека ова ќе биде вистински предизвик за мене – рече Нето за клупскиот сајт на Шкендија.

Претходно тетовските „црвено-црни“ ангажираа уште две зимски засилувања, Ардин Далку и Валон Ахмеди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот