„Netflix“ падна само неколку минути по објавувањето на вториот дел од сезоната на „Stranger Things“

stranger things
Stranger Тhings / Фото: Принтскрин / IMDB

По неколку недели чекање за да се дознаат судбините на поранешните и сегашните жители на Хокинс, вториот дел од четвртата сезона на „Stranger Things“ конечно е тука, а само неколку минути по премиерата, платформата „Netflix“ не успеа да издржи толку многу посетители.

Многу очекуваното финале на четвртата сезона на „Stranger Things“ вчера се појави на „Netflix“, но само неколку минути по пристигнувањето на последните епизоди, стриминг сервисот падна.

„Ве молиме обидете се повторно“

Техничките тешкотии се доказ за тоа колку се возбудени фановите за да дознаат што ќе се случи со нивните омилени херои, а падот на стримиг сервисот поттикна многу вознемирени корисници да се префрлат на „Твитер“ и веднаш да се пожалат.

„Поминаа пет минути откако го срушивме Нетфликс“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Не одбројував секунди како да е Нова Година за да падне Нетфликс“, се дел од коментарите.

Веб-страницата „DownDetector“ потврди повеќе од 700 извештаи за технички проблеми со „Netflix“ вчера околу 9 часот наутро, и се чини дека за повеќето луѓе тешкотиите набргу биле решени.

Серијата „Stranger Things“ го држи рекордот на „Netflix“ на гледаност. Само три дена по објавувањето на четвртата сезона, серијата достигна неверојатни 287 милиони часови гледаност, додека серијата „Bridgerton“ претходно го држеше рекордот со 193 милиони часови.

Дејството на четвртата сезона започнува шест месеци по завршувањето на третата, односно по битката во трговскиот центар. Елевен, која ја игра Мили Боби Браун беше одвлечена од нејзините пријатели и одведена да се сретне со владини претставници. Таа стави до знаење дека повеќе ги нема нејзините моќи и ѝ беше кажано дека таа е единствената што може да го спречи крајот на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот