Нетфликс заради коронавирусот бележи најголем квартален раст во историјата

нетфликс

Пандемијата на коронавирусот помогна во работата на Нетфликс, американскиот видео-стриминг сервис, кој во првиот квартал од оваа година забележа нови 15,8 милиони претплатници, што е најголем квартален раст во историјата на компанијата.

Исто така, Нетфликс во првиот квартал имал приход од 5,77 милијарди долари, што е за 1,25 милијарди повеќе од првиот квартал од минатата година. Вкупниот број на претплатници низ светот сега изнесува околу 182 милиони.

Најгледаните содржини на Нетфликс во првиот кваартал биле документарната серија: “Tiger King: Murder, Mayhem and Madness“, реалити шоуто “Love Is Blind” и филмот “Spenser Confidential”.

Приказната на Џо Егзотик го освојува светот – Бизарно добра серија што ќе ја изгледате во еден здив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот