Нетфликс обвинет за промовирање на педофилија, режисерката прашува: Како да го решиме проблемот ако не го гледаме?

Profimedia

Откако половина милион луѓе потпишаа петиција за отстранување на плакатот за филмот „Mignonnes//Cuties“ (Мињончиња/Слатки девојчиња) бидејќи, како што наведоа, поттикнува педофилија, Нетфликс, во чија продукција е филмот, го повлече плакатот и јавно се извини:

„Многу ни е жал поради неприкладната содржина што ја користевме за промоција на филмот „Mignonnes//Cuties“. Тоа не е во ред, ниту адекватно го претставува ова француско остварување кое доби награда на фестивалот Санденс. Ја променивме сликата и описот на филмот“, соопштија од Нетфликс на Твитер.

Нетфликс се извини поради спорниот постер/Profimedia

Филмот зборува за 11-годишно девојче кое се придружува на танцова група, а според зборовите на режисерката Мајмуна Дукура, нејзината идеја била да укаже токму на проблемот на претераната сексуализација на девојчињата.

Најавата на филмот моментално предизвика гнев на заедницата на социјалните мрежи и за првите 24 часа по објавувањето на плакатот, 25.000 луѓе веќе ја потпишаа петицијата за веднаш да се повлече плакатот. Во петицијата се наведува дека најавата „го сексуализира 11-годишното девојче поради визуелно уживање на педофилите“.

Но режисерката на филмот вели дека токму во тоа е поентата на остварувањето.

Оваа приказна треба да го расветли тоа како социјалните мрежи ги тераат девојчињата да ги имитираат сексуалните експресии што ги гледаат, и дека дури и не сфаќаат што е нивното вистинско значење ниту кои сѐ опасности демнат од тоа. Денес, колку што е посекси и колку што е повеќе објект, жената добива поголема популарност на социјалните мрежи. Кога имате 11 години, не го разбирате во целост овој механизам, но го имитирате бидејќи сметате дека таквиот механизам ќе ви донесе слични резултати. Мислам дека тоа е тема за која јавно треба да се зборува“, рече Дукура.

Погледнете го трејлерот за филмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот