„Нетфликс“ ќе воведува видео игри во претплатничките услуги

нетфликс
ФОТО: Pexels

„Нетфликс“ потврдил дека ќе вклучи видео игри како дел од пакетите за претплата без дополнителни трошоци, пренесува „BBC“.

Во писмо упатено до инвеститорите, се вели дека платформата е во рана фаза на додавање на видео игри, а тие за мобилни телефони ќе биле додадени на платформата први. „Време е да научиме повеќе за тоа како нашите членови ги ценат игрите“, изјавила платформата.

Акциите на „Нетфликс“ паднале откако компанијата не ја достигнала проектираната цел на претплатите. „Ковид создаде одредена грутка во растот на нашето членство (поголем раст во 2020 година, побавен раст оваа година), чии последици се забележуваат сега“, се вели во последното финансиско ажурирање.

нетфликс видео игра

„Ние продолжуваме да се фокусираме на подобрување на нашата услуга за нашите членови и да им ги донесуваме најдобрите приказни од целиот свет“.

Платформата сега брои повеќе од 209 милиони платени членови вкупно, откако забележале наплив на регистрација кога потрошувачите поминувале повеќе време дома за време на заклучувањата поврзани со коронавирусот. „Нетфликс“, имено соопштил дека продолжува да вложува повеќе пари во производството и дека сака да го „зголеми нашиот удел во времето поминато на екрани во САД и низ целиот свет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот