„Нетфликс“ ја претвора Squid Game во реалност: 456 натпреварувачи ќе се борат за милионска награда

Squid Game, фото: Netflix-принтскрин

„Нетфликс“ ја претвора Squid Game во реалност во ново натпреварувачко шоу базирано на хит серијата. Во „Squid Game: The Challenge“, 456 играчи ќе се борат за 4,56 милиони долари, што е најголемата  награда во историјата на реалити телевизијата, пишува „People“. Шоуто ќе трае 10 епизоди, во кои повеќето натпреварувачи ќе се борат за главната награда, а за нивна среќа, за разлика од јужнокорејската серија, натпреварувачите кои нема да го поминат предизвиците нема да бидат погубени.

„Како што учесниците се натпреваруваат низ серија игри инспирирани од оригиналната серија, со изненадувачки нови додатоци, нивните стратегии, сојузи и карактер, ќе бидат ставени на тест додека конкурентите се елиминираат околу нив. Влогот е голем, но во оваа игра најлоша судбината е да си отидеш дома со празни раце“, изјави стриминг гигантот.

„Squid Game: The Challenge“ ќе се снима во Обединетото Кралство, а „Нетфликс“ бара кандидати што зборуваат англиски од каде било во светот.

Дистописката драма, напишана и во режија на Хванг Донг-Хјук, следи очајни луѓе кои се поканети да учествуваат во мистериозна и брутална серија игри за огромни пари. Серијата дебитираше на „Нетфликс“ во септември и набрзо стана најгледаната серија во историјата на стриминг платформата.

ВИДЕО | Објавен е првиот тизер за втората сезона на „Squid Game“ и детали од претстојната сезона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот