НЕТАНЈАХУ ЗАСТАНА ПРЕД БОРБЕН АВИОН И МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: Овие авиони можат да стигнат до вас (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

НЕТАНЈАХУ ЗАСТАНА ПРЕД БОРБЕН АВИОН И МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: Овие авиони можат да стигнат до вас (ВИДЕО)

Нетанјаху застана пред борбениот авион Ф-35 и порача дека Иран „треба да запамети дека овие авиони можат да стигнат до секое место на Блискиот исток, вклучувајќи ги Иран и секако Сирија“.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху денеска му се закани на Иран, откако Техеран вчера официјално го зголеми нивото на збогатување на ураниум, со што ги надмина мерките предвидени од нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година.

Нетанјаху застана пред борбениот авион Ф-35 и порача дека Иран „треба да запамети дека овие авиони можат да стигнат до секое место на Блискиот исток, вклучувајќи ги Иран и секако Сирија“.

Нетанјаху е критичар на нуклеарниот договор на Иран и светските сили и ја повика Европа да воспостави нови санкции поради најновото кршење на одредбите од договорот.

Израелскиот премиер постојано истакнува дека никогаш нема да му дозволи на Иран да развие способности за да направи нуклеарна бомба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close