Илон Маск со контроверзен поздрав

Нетанјаху во одбрана на Маск за нацистичкиот поздрав

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати порака за поддршка до милијардерот Илон Маск, сопственик на платформата Х, кој беше жестоко критикуван ширум светот затоа што својата испружена рака на митинг за одбележувањето на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот ја крена и изгледаше како нацистичкиот поздрав.

Маск, сојузник и соработник на Трамп, е „лажно извалкан“, напиша Нетанјаху на платформата X, потсетувајќи на посетата на Маск на Израел по „масакрот на 7 октомври“ во 2023 година.

Израелскиот лидер изјави дека оттогаш Маск постојано силно го нагласувал правото на Израел да се брани од „геноцидни терористи и режими кои се обидуваат да уништат една еврејска држава“.

Лигата за борба против клеветата (Anti Defamation League), меѓународна еврејска невладина организација со седиште во Њујорк, гестот на Маск го оцени како „незгоден“, но не и нацистички, јавуваат израелските медиуми.

Маск претходно објавуваше емотикони и теории за супремација на белата раса на платформата X, што предизвика критики дека станува збор за антисемитизам.

Во негова одбрана денеска застана и аргентинскиот претседател Ксавиер Милеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот