Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/LEO CORREA / POOL

Нетанјаху се закани: Нема да продолжиме со примирјето доколку не го добиеме списокот на заложниците

Премиерот Бенјамин Нетанјаху се закани дека Израел нема да спроведе прекинот  на огнот во Газа додека не добие список од 33 заложници кои Хамас ќе ги ослободи во првата фаза од договорот.

„Нема да продолжиме со договорот додека не го добиеме списокот со заложниците кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира прекршување на договорот. Единствената одговорност е на Хамас“, рече Нетанјаху во изјавата на платформата Х.

Во меѓувреме, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи објави изјава упатена до жителите на Газа, која содржи упатства за недела, кога ќе стапи на сила примирјето.

Тој предупреди дека движењето од југ кон север на Појасот Газа или кон коридорот Нецарим се уште е опасно поради воените активности во областа. Кога движењето е дозволено, ќе бидат дадени упатства.

Израелската армија ќе остане распоредена во одредени области на Појасот Газа и никој не смее да им пристапи на нејзините офицери. Исто така, опасно е да се пристапи кон преминот Рафах, коридорот Филаделфија и сите области на јужниот дел на Газа каде што се распоредени израелските сили.

Во крајбрежната област на Појасот Газа, риболовот, пливањето и нуркањето се опасни, а има предупредување за влегување во морето во наредните денови. Забрането е приближување до израелската територија и тампон зоната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот