Нетанјаху се откажа од формирање нова влада на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека се откажува од напорите да формира нова влада, откако не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот по изборите во септември.

Нетанјаху, кој ја предводи партијата Ликуд, рече дека му го враќа мандатот на израелскиот претседател Рувен Ривлин, откако работеше, како што рече, на „воспоставување влада на широко единство”.

Ривлин рече дека во наредниот период ќе одржи консултации со различни политички партии за да ги информира дека мандатот за формирање нова влада ќе му го даде на ривалот на Нетанјаху и лидер на партијата Бело-Сино Бени Ганц.

Ако и Ганц не успее да формира влада, тоа најверојатно ќе доведе до нови парламентарни избори, трети од април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот