НЕТАНЈАХУ ПОВТОРНО ФОРМИРА ВЛАДА: Доби мандат од претседателот

Израелскиот претседател Рувен Ривлин денеска му го даде мандатот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за формирање нова влада, откако не успеаја неговите обиди за поделба на власта со опозицинерот Бени Генц.

И натаму не се знае како Нетанјаху, лидер надесночарската партија Ликуд и најдолговечен израелски премиер ќе успее да ја задржи власта во петтиот мандат по изборите на 17. септември, втори годинава , кога не успеа да обезбеди мнозинство во Кнесетот.

„Решив да ви дадам можност да формирате влада“, рече претседателот Ривлин на церемонијата за номинирање.

Нетанјаху сега има 28 дена да формира коалиција и може да побара од Ривлин дводневно продолжување. Нетанјаху не успеа да го стори тоа по изборите во април, што доведе до нови избори минатата недела.

Ликуд освои едно место на новите избори повеќе отколку на последното гласање, но и едно помалку од партијата ,,Сино-бело”на Ганц. Но, Ликуд има поддршка од вкупно 55 пратеници  во Кнесетот со 120 места, додека Ганц има 54.

Двете страни не успеаја да постигнат договор за коалиција во разговорите започнати вчера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот