Нетанјаху оваа недела влегува во историјата

Фото: EPA-EFE/JIM HOLLANDER

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху,  на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане првиот претседател на владата на Израел кој најдолго останал на таа функција, со што ќе испише историја.

Бен-Гурион беше на чело на владата на Израел 4.875 дена, околу 13 ипол години, од 14 мај 1948 до 26 јануари 1954 година и повторно од ноемвеи 1955 до крајот на јуни 1963 година.

Нетанјаху беше премиер од јуни 1996 до јули 1999 година, а од крајот на март 2009 година, па до денеска повторно се наоѓа на оваа позиција.

Во петок тој ќе го изедначи стажот со Бен-Гурион, а во сабота ќе го надмине и ќе влезе во историјата на Израел.

Тој, според годините поминати на функцијата, меѓу лидерите на земјите членки на Организацијата за економска соработка и безбедност (ОЕЦД), е трет – после Реџеп Таип Ердоган во Турција и Ангела Меркел во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот