Нетанјаху најави изградба на нови населби во Ерусалим

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Претставник на палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди планот на Нетанјаху како „уште еден обид да се потисне решението за две држави и да се уништи секоја можност за мир”.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска најави изградба на 5.000 нови станбени единици во спорните делови на Ерусалим и покрај предупредувањата дека тој проект ќе ги изолира Палестинците кои живеат во Ерусалим од останатиот дел на Западниот брег.

Нетанјаху најави изградба на населби во два ерусалимски кварта кои се наоѓаат во осетлив дел од градот кој го поврзува Западниот брег и источен Ерусалим, кој Палестинците го сакаат за престолнина на идната палестинска држава.

Претставник на палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди планот на Нетанјаху како „уште еден обид да се потисне решението за две држави и да се уништи секоја можност за мир”.

– Ова е сериозно кршење на меѓународното право кое изградбата на еврејски населби на палестинските територии, вклучувајќи го и Ерусалим, ја смета за нелегална, оцени палестинскиот претставник.

Организацијата „Мир сега” смета дека изградбата на нови населби во двата спорни региона е еднаква на „државно самоубиство”.

Израел го анектираше источен Ерусалим, но анексијата не беше признаена од поголемиот дел од светот, освен тоа што во 2017 година, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот