Нетанјаху најави дека Јехиел Лејтер ќе биде следниот амбасадор на Израел во САД

Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/LEO CORREA / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска официјално објави дека Јехиел Лејтер ќе биде следниот амбасадор на Израел во САД.

Лејтер, роден во САД, кој докторирал на Универзитетот во Хаифа, бил заменик генерален директор на Министерството за образование, шеф на кабинет на министерот за финансии за време на мандатот на Нетанјаху и вршител на должноста претседател на Управата за пристаништа, објави „Тајмс оф Израел“. .

„Јехиел Лајтер е многу талентиран дипломат, елоквентен говорник и има длабоко разбирање за американската култура и политика“, рече Нетанјаху.

Тој истакна дека е убеден оти Лејтер ќе го претставува Израел на најдобар можен начин, посакувајќи му успех на новата функција. Лејтер ќе го замени Мајкл Херцог како амбасадор на Израел во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот