Нетанјаху: Израелската операција во Газа е извонреден успех

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Ги постигнавме нашите цели, тоа е голем успех, изјави Нетанјаху пред медиумите во армискиот штаб во Тел Авив по стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја оквалификува офанзивата на израелската армија против палестинските милитантни групи во појасот Газа, вклучително и Хамас, како „извонреден успех”.

– Ги постигнавме нашите цели, тоа е голем успех, изјави Нетанјаху пред медиумите во армискиот штаб во Тел Авив по стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот.

Четвртата војна меѓу Израел и Хамас, откако Хамас ја презеде контролата над Газа, траеше 11 дена.

Нетанјаху предупреди дека Израел нема да дозволи нови ракетни напади.

– Ако Хамас смета дека ќе толерираме лансирање на мал број ракети, тогаш е во заблуда, рече тој, ветувајќи дека ќе одговори „со уште поголема сила на сите акти на агресија против израелските населби околу Газа или кој било друг дел на Израел”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот