Нетанјаху: Изборите се многу тесни

Фото: EPA-EFE/JIM HOLLANDER

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утринава излезе на гласање на општите избори во земјата, втори годинава, и притоа предупреди дека ќе има тесна трка за победа, јави ДПА.

– Претседателот Трамп вчера изјави дека ова ќе бидат тесни избори, и јас утринава можам да ви потврдам – тие се многу тесни, изјави Нетанјаху.

Тој ги повика сите граѓани на Израел да излезат и да гласаат, како што тој и неговата сопруга излегоа да гласаат.

Анкетите покажуваат дека десничарската партија Ликуд на Нетанјаху е со еднакви шанси за победа со центристичката „Сино-бела” партија, предводена од Бени Ганц и Јаир Лапид, додаде ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот