Нетанјаху итно ќе пресели 2.000 Евреи од Етиопија во Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонски разговор со својот етиопски колега, Аби Ахмед, вчера му соопштил дека има намера веднаш да пресели 2.000 Евреи од Етиопија во Израел.

Околу 13.000 Евреи во Етиопија во тешки услови чекаат да се преселат во Израел, земјата што ја сметаат за „свој дом”, каде веќе се засолниле некои нивни роднини, а самите се закануваат со штрајк доколку до тоа не дојде.

Уште пред почетокот на пандемијата на коронавирусот од Етиопија во Израел се преселиле околу 250 лица, но оттогаш се откажани ваквите аранжмани, а израелските власти сега интервјуата со кандидатите за преселување ги прават онлајн, на Интернет, за американските медиуми наведуваат од Еврејската заедница во Етиопија.

Во 1991 година, во екот на граѓанската војна во Етиопија, Израел со авиони префли 14.500 Евреи од оваа земја, но  уште во 2015 година има ветено дека дека ќе ги донесе и останатите, наведуваат активисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот