Нетанјаху го поздрави Договорот за нормализација на односите со Мароко

Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu speaks during the weekly cabinet meeting in Jerusalem, Israel, 25 August 2013. EPA/DAN BALILTY / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави Договорот за нормализација на односите со Мароко потпишан со посредство на САД и најави дека двете земји ќе воспостават директни летови и дипломатски контакти.

Неименуван американски дипломати изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп Договорот го постигнал во телефонски разговор со мароканскиот крал Мохамед Шести.

Во согласност со Договорот, Трамп се согласил да го признае суверенитетот на Мароко над Западна Сахара.

Договорот предвидува воспоставување на дипломатски и официјални контакти помеѓу Мароко и Израел, прелети, како и директни летови.

Мароко е четврта арапска држава, која во изминатите четири месеци склучи Договор за нормализација на односите со Израел, по Обединети Арапски Емирати,  Бахреин и Судан.

И Мароко и движењето за независност Фронт Полисарио полагаат право на Западна Сахара, која е признаена од 45 држави. Додека Полисарио има поддршка од Алжир. По примрјето во 1991 година поголемиот дел на Западна Сахара е под контрола на Мароко, додека Сахарска Арапска Демократска Република има контрола само на мал дел од територијата.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот