Нетанјаху го повлече барањето за пратенички имунитет од судско гонење

Нетанјаху / Фото Архива

„Во овој судбоносен час за народот на Израел, кога сум во САД во историска мисија да се одредат постојаните граници на Израел и да се обезбеди иднина за следните децении, од Кнесетот се очекува да отвори уште една претстава во циркусот за укинување на имунитетот“, напиша Нетанјаху на Фејсбук.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска објави дека го повлекува своето барање за пратенички имунитет од судско гонење поради обвиненијата за три случаи на корупција.

Нетанјаху на Фејсбук објави дека „одлучил да не дозволи продолжување на таквата валкана игра“.

Кнесетот денеска треба да дискутира за формирање на комитет кој би расправал за барањето на премиерот за имунитет.

Нетанјаху е обвинет за измама, злоупотреба на довербата во три случаи, вклучително и мито во еден од нив. Тој ги негира сите обвинувања. Додека неговата конзервативна партија Ликуд планира да ја бојкотира најавената седница на Кнесетот.

– Во овој судбоносен час за народот на Израел, кога сум во САД во историска мисија да се одредат постојаните граници на Израел и да се обезбеди иднина за следните децении, од Кнесетот се очекува да отвори уште една претстава во циркусот за укинување на имунитетот – напиша Нетанјаху на Фејсбук.

Израелскиот премиер денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, при што ќе биде претставен долгоочекуваниот мировен план за Блиски Исток на администрацијата на САД.

Барањето на Нетанјаху за укинување на пратеничкиот имунитет отвора пат кон судски процес против него пред третите парламентарни избори за помалку од една година, што се закажани на 2 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот