Нетанјаху го повика главниот ривал Ганц во широка коалиција

Фото: EPA-EFE/JIM HOLLANDER

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да може да формира десно ориентирана влада по изборите и го повика неговиот главен ривал, Бени Ганц, да му се придружи во широка коалиција.

Засега нема одговор од седиштето на Сино-белата партија на Ганц.

Претходно, дел од медиумите објавија дека израелскиот премиер ќе се обиде да формира коалиција со своите верски и националистички сојузници, и покрај лошите резултати на парламентарните избори.

Според кабинетот на премиерот Нетанјаху, израелскиот лидер нема да присуствува на годинашното Генерално собрание на ОН во Њујорк. Патувањето беше откажано неколку часа по затворањето на гласачките места, кога излезните анкети покажаа дека Нетанјаху нема да има мнозинство во Парламентот.

Тој ја откажа и посетата на САД за време на која требаше да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот