Нетанјаху го именуваше својот наследник

Нетанјаху / Фото Архива

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го именуваше Нафтали Бенет, лидерот на ултрадесничарската партија Ново Право, за министер за одбрана, изјави денеска портпарол на партијата Ликуд на Нетанјаху.

Бенет ќе го преземе местото министер за одбрана од Нетанјаху, кој речиси една година ги извршуваше функциите премиер и министер за одбрана.

– Именувањето ќе и биде доставено на Владата за одобрување на претстојниот состанок на кабинетот- нагласи портпаролот во соопштение.

Во претходниот состав на владата на Нетанјаху, Бенет го предводеше Министерството за образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот