НЕТАНЈАХУ ГИ НАСМЕА СИТЕ: Изјави дека во Лондон се сретнал со Борис Јелцин (ВИДЕО)

Бенјамин Нетанјаху

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, на денешната седница на владата рекол дека во Лондон се сретнал со колегата Борис Јелцин, поранешниот претседател на Русија кој умре во 2007 година, наместо со Борис Џонсон.

Министрите веднаш извикаа „Џонсон“ и ја исправија оваа грешка, а кабинетот на Нетанјаху објави и видео од гафот. Инаку, Нетанјаху настојува повторно да стане премиер по изборите кои треба да се одржат следната недела.

За време на неговата кампања истакнува дека тој е државник ветеран и дека има блиски односи со светските лидери. Џонсон и Нетанјаху се сретнаа за време на кратката посета на Нетанјаху во Лондон на 5. септември. Израелскиот премиер во британската престолнина се сретна и со министерот за одбрана на САД Марк Еспер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот