Нетанјаху: Договорот за примирје со Хезболах не значи и крај на војната

Нетанјаху најавува офанзива во Рафах - Фотографија ЕПА, Абир Султан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел е посветен на договорот за прекин на огнот со Хезболах, но предупреди дека тоа не значи дека војната е завршена, објави Jerusalim post.

Говорејќи на почетокот на седницата на владата во северниот пограничен град Нахарија, Нетанјаху предупреди дека Хезболах сериозно го прекршил договорот од понеделникот и дека Израел оттогаш нападнал повеќе од 20 цели низ Либан како одмазда.

-Во моментов сме во примирје, и забележувам, тоа е примирје, а не крај на војната, рече тој.

„Имаме јасна цел да ги вратиме нашите жители, повторно да го населиме северот на земјата. Овој прекин на огнот го спроведуваме со железна рака, дејствувајќи против секое негово прекршување, мало или сериозно“, нагласува израелскиот премиер во говорот пред министрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот